Економија 04.03.2024 11:56

На берзите во Европа претпалзиво тргување, раст на азиските

На берзите во Европа претпалзиво тргување, раст на азиските

На европските берзи во понеделник претпладнето се тргува внимателно, бидејќи оваа седмица се очекуваат коментарите на шефовите на централните банки за инфлацијата, како и нови економски податоци кои би можеле да го насочат пазарот.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше речиси непроменет во првиот дневен пресек. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс ослабна за 0,22 отсто, на 7.665 поени, а париски CAC за 0,13 отсто, на 7.925 поени. Франкфуртскиот DAX порасна, пак, за 0,01 отсто, на 17.736 поени.

Инвеститорите се претпазливи бидејќи претседателот на американската централба банка (Federal Reserve – Fed), Џером Пауел, ќе сведочи во Конгресот оваа седмица, а неговите коментари за инфлацијата и каматните стапки би можеле значително да влијаат врз насоката на пазарите.

Покрај тоа, инвеститорите го чекаат американскиот извештај за вработувањата, кој ќе биде објавен во петок, и коментарите на челниците на Европската централна банка (ECB) по нивниот состанок во четврток.

А на повеќето азиски берзи цените на акциите пораснаа. MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, во истиот период од тргувањето како и во Европа, порасна за 0,4 отсто. Истовремено, на токиската берза индексот Nikkei зајакна за 0,5 отсто, додека цените на акциите во Хонгконг, Шангај и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,1 и 1,2 отсто. Во Австралија, пак, се лизнаа за 0,1 отсто.

Јапонскиот индекс Nikkei достигна ново рекордно високо ниво, соборувајќи над 40.000 поени, бидејќи инвеститорите се надеваат дека централната банка на земјата ќе продолжи со својата ултра-приспособлива монетарна политика додека економскиот раст забавува.

Ниту растот на кинеската економија не е на солидна основа, па инвеститорите се надеваат на нови стимулативни мерки. Фокусот оваа недела ќе биде ставен на клучните годишни состаноци на кинеската влада, на кои ќе се утврдат економските и политичките цели, вклучително и целниот раст на бруто домашниот производ (БДП). ()