БОРКО РИСТОВСКИ СТАНА ТАТКО – наместо Ирис ќеркичката доби ново име бидејќи се роди на убав и голем православен празник

Голманот Борко Ристовски вторпат стана татко, доби ќерка која ќе се вика Анастасија. Борко не крие дека е среќен што му се родила ќерката, па за „Репортер“ откри дека сè поминало во најдобар ред, а дека неговата сопруга Нина и бебето се чувствуваат добро.

„Ќерката требаше да има друго име, Ирис, но бидејќи се роди на празникот Св. Атанас, решивме да се вика Анастасија. Нина се породи пред малку и се чувствува одлично. И таа и бебето се добри, а јас и Душан сме пресреќни. Анастасија има 4.230 грама и 53 сантиметри“, рече Борко за „Репортер“.
Анастасија е второ дете на Борко и Нина. Тие веќе го имаат синот Душан, кој наскоро ќе полни пет години, а името го носи по починатиот татко на голманот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.