Поврзете се со нас

Свет

Миовски даде два гола, Абердин им се врати на победите (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски му обезбеди победа на Абердин на денешната пресметка против Мадервил во првата шкотска лига.

Домаќините по пауза од скоро еден месец се радуваа на триумф во шампионатот, а за тоа најзаслужен е Миовски кој даде два гола во славјето од 3-1. Македонецот имаше две одлични реакции во второто полувреме, прво во 64 минута за водство од 2-0, потоа и во 69 кога стана јасно дека трите бода ќе останат во Абердин.

Сега Бојан е на бројката од 14 лигашки голови, неговиот тим пак со 32 бода е на 7 место на табелата.Нареднатата средба за напаѓачот и соиграчите е на гостинскии терен против лидерот Селтик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни