Голем пожар во Копенхаген: гори зградата на поранешната берза, пожарот ја зафати кулата, се урна покривот

Во најстарата, поранешна зграда на берзата во Копенхаген, една од најпознатите згради во главниот град на Данска, денеска избувна пожар, а пожарот ја зафати кулата, која се урна на покривот.

Засега нема извештаи за повредени, пренесе Ројтерс.

На снимката објавена од локалните медиуми се гледа како луѓе носат слики надвор од зградата за да спречат да бидат зафатени од пламен.

Кулата на зградата, која е изградена во ренесансен стил и повеќе не е берза, се реновира и служи како седиште на Данската стопанска комора.

Полицијата ги замоли граѓаните на Копенхаген да ги избегнуваат улиците околу зградата и централниот дел на градот.

Текстот Голем пожар во Копенхаген: гори зградата на поранешната берза, пожарот ја зафати кулата, се урна покривот е превземен од МАКФАКС.