Почетна Политичка теологија Ѓуровски: Намерно се пласираат лажни вести за името на МПЦ, со цел предизвикување поделби

Ѓуровски: Намерно се пласираат лажни вести за името на МПЦ, со цел предизвикување поделби

2.42K
1

Професорот на филозофскиот факултет, Марјан Ѓуровски, на денешната дебата посветена на религијата во современото општество, зборуваше за улогата на МПЦ-ОА и прашањето за нејзината антокефалност. Ѓуровски предупреди на сериозни проблеми кои се создаваат внтаре во црквата, а нивни иницијатори се великодостојници кои се на списокот на НАТО членките, како соработници на руските безбедносни служби. Професорот по безбедност праша, зошто во Синодот се уште седат тие владици.

Кога низ црквата ќе шетаат верски лица, кои подоцан ќе бидат прогласени за перосни нон грата. Кога НАТО ќе ти додстават информации за соработници на руски служби, тогаш признавањето на црквата е веќе безбедносно прапшање, вели Ѓуровски.

Професорот на Филозофскиот факултет смета дека во Македонија има намерно пласирање лажни вести и деизнформации околу името на МПЦ,  со цел да се пттикне поделба на раскол внатре во црквата и политички подоелби.

-Духот излезен од шишето на етноинационализмот може да направи дополнителни политички проблеми. Прашањето за името намерно се поттикнува како дилема за содавање национални поделби. Ако Охридската Архиепископија е бришење на националниот идентитет, дали во Пакистан и кај Хунзите треба да го бараме својот идентитет, вели професорот Ѓуровски.

Коментар(1)

  1. Уште еден вреден наемник на нашите “стратешки партнери”? Уште еден знак и сведок дека тие слатки наши пријатели веќе Го водат со врзани раце Христос на нивната најнова, просто неверојатна Голгота. Уште еден доказ за сесветоста на Поглаварот на некогашен Цариград, денешен Истанбул и необичните атрибути и механизми на таа јурисдикција со необичен имунитет и долгопротегање на алатки на земна моќ и незапирлива амбиција. Што да се каже! Слугите Христови станале закана за безбедноста на својата земја. А како? Зеле пушки в раце? Пуштиле отровен гас? Минирале шкрилци за трговија со течен гас? Извршиле некој атентат? Фрлиле негде некоја бомба? Или организирале инвазија со дронови? Ах, сигурно конструирале лаборатории за биолошко оружје. ‘Ма не: уште полошо! Разговарале со други слуги Христови од друга земја и се посомневале дека некои трети, во трета земја, можеби не се слуги Христови!!! Одлучиле меѓусебно да се среќаваат и заедно да се молат и да богослужат. Каква опасна работа! Каков страотен план! Какво духовно оружје! Каква опасност по безбедноста на светскиот поредок!? Нема крај. Нема што кој да се моли и да сака да сослужува. Има да се слушаат таинствените органи за безбедност на Светската влада во која не сакаме да веруваме, зашто звучи премногу бизарно за да би било прифатливо за умот или веројатно. Но, што ако таа страотна гарнитура сака да зборува за себе? Кои сме ние да ги замолкнеме нејзините гласноговорници? Некои Северномакедончиња кои не сфаќаат каде треба да се вклопат?

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *

02-newstube-banner-728×90