fbpx

Светски ден на водата: Не се работи доволно за да се зачува најскапоцениот ресурс

На локално и национално ниво, различни корисници на вода, посебно водоводни претпријатија, енергија, храна и индустрија, мора да соработуваат преку интегриран пристап за управување со водните ресурси и да промовираат кружна економија која ги исполнува човековите права на луѓето

-

Пристапот до вода за пиење е човеково право. Постои итна потреба да работиме заедно за да го заштитиме и зачуваме нашиот најскапоцен ресурс. Соработката за вода го отвора патот за соработка на сите заеднички предизвици – мора да ја користиме водата како алатка за да создадеме помирен и попросперитетен свет за сите. Ова е наведено во соопштението на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), по повод 22 март, Светскиот ден на водата.

„На локално и национално ниво, различни корисници на вода, посебно водоводни претпријатија, енергија, храна и индустрија, мора да соработуваат преку интегриран пристап за управување со водните ресурси и да промовираат кружна економија која ги исполнува човековите права на луѓето. Од друга страна, влијанијата на климатските промени поврзани со водата се влошуваат, а и растечката глобална популација поставува зголемена побарувачка на конечен ресурс. Во многу земји, пристапот на луѓето до безбедна вода за пиење е нерамномерно и неправедно распределен“, пишува ИЈЗ.

Водата може да биде оружје за време на вооружен конфликт, се вели во соопштението на ИЈЗ, но од друга страна, може да претставува стабилизирачка сила и катализатор за одржлив развој.

Како што е наведено на веб-страницата на Обединетите нации, на ниво на слив, земјите треба да развијат договори и да формираат институции за мирно управување со водните ресурси што ги преминуваат меѓународните граници.

„Заедничката работа на водата преку границите и секторите ќе го забрза напредокот во целите за одржлив развој, подобрување на безбедноста на храната, одржување на здрави средства за живот и екосистеми, помагајќи да се изгради отпорност на климатските промени, придонесувајќи за намалување на ризикот од катастрофи, обезбедување обновлива енергија, поддршка на градовите и индустријата, и поттикнување на регионалната интеграција и мир“, пишува во објавата на ОН по повод Светскиот ден на водата.

Мета.мк минатата година објави дека, наместо да ја користат граѓаните или компаниите, најголемото количество од водата за пиење во Македонија се губи во водоводните системи на јавните претпријатија. Загубите на вода за пиење во услови на непредвидливите климатски промени со кои се соочува земјава не се сфаќаат сериозно, што пак може во иднина да доведе до сериозни проблеми со водоснабдувањето во некои општини.

Наместо да се намалува, расфрлањето со вода за пиење во Македонија расте [инфографик]

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...