„Сега ми е јасно зошто Гвардиола не го сака“

650
epa10184592 Manchester City manager Pep Guardiola reacts during the UEFA Champions League group G soccer match between Manchester City and Borussia Dortmund in Manchester, Britain, 14 September 2022. EPA-EFE/PETER POWELL

Офанзивниот бек, Жоао Кансело, актуелната сезона ја одработува во дресот на каталонскиот гигант Барселона, но како позајмен играч од редовите на Манчестер Сити.

Португалскиот дефанзивец е познат по одличната игра кога е во прашање офанзивата, но е прилично неодговорен во одбраната.

Ова е една од причините поради која Пеп Гвардиола се откажа од него и веднаш го испрати на позајмица во Баерн (М). Германците исто така не сакаа да го задржат, поради променливата игра и грешките во дефанзивата, а Кансело е во Барселона од минатото лето.

Досега во дресот на Барса има одиграно 36 натпревари на кои постигна четири гола и додаде четири асистенции. Во неделниот пораз од Реал Мадрид (3:2), Кансело не се прослави со својата дефанзивна игра, што посебно го коментираа холандските легенди Франк Де Бур и Марко Ван Бастен.

„Сега разбирам зошто Гвардиола не го сака Кансело. Тој човек си игра свој фудбал и само размислува што да прави со топката. По ѓаволите, ти си дефанзивец”, изјави Франк де Бур.

Ван Бастен додаде: „Чудо е што Кансело на 29 години сè уште прави такви грешки во одбраната“.

Барселона се уште размислува дали на крајот од сезоната да го купи Португалецот кој пред две години вредеше 70 милиони евра. Неговата моментална цена според Трансфермаркт е 30 милиони евра.