Промо тв Серии

ЈУЖЕН ВЕТЕР

Работите почнуваат да добиваат смисла во животот на Петар Мараш (Милош Биковиќ), крадец на автомобили од Белград. Тој купил картинг патека, го напуштил домот на неговите родители и се вселил во нов стан со неговата долгогодишна девојка Софија (Јована Стојиљковиќ). Бандата во која тој е член, успешно работи предводена од искусниот Цар (Драган Бјелогрлиќ).

Во првата епизода од серијата го следиме пристигнувањето на автомобил мерцедес натоварен со дрога, кој заминува од Бугарија кон Србија. Дрогата во Белград ја испраќа Димитар (Христо Шопов), бугарски наркобос, а неговиот син Христо (Ивајло Захариев), кој еден ден претходносе ожени, треба да ја однесе на местото на предавање.
Во меѓувреме, Мараш заедно со неговиот најдобар пријател Бача (Миодраг Радоњиќ) и Јани (Срѓан Тодоровиќ), уште еден член на бандата на Цар, од паркинг крадат нов модел на Мерцедес…
Улоги: Милош Биковиќ, Миодраг Радоњиќ, Драган Бјелогрлиќ, Јована Стојиљковиќ, Небојша Глоговац, Срѓан Тодоровиќ, Милош Тимотијевиќ, Јасна Ѓуричиќ, Богдан Диклиќ, Христовашлоќовиќ, Христовашлоќович,, Александар Берчек…
Режија: Милош Аврамовиќ
Сценарио: Милош Аврамовиќ, Петар Михајловиќ
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ЗАСТАНИ И ЗАПАЛИ СЕ – од понеделник до петок во 20:20

Дејан Дејан

ВАШИНГТОНСКИ  ШПИОНИ – од понеделник до четврток во 22:10

Дејан Дејан

ФИРМАТА – сериски филм – НАСКОРО

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе