Поврзи се со нас

Македонија

Граѓаните најзасекирани за животниот стандард, ниските плати и пензии, криминалот и корупцијата

Објавено

на

Животниот стандард, ниските плати и пензии, криминалот и корупцијата, како и зголемувањето на цените и инфлацијата, се првите три најголеми проблеми со кои се соочуваат граѓаните во земјава, според денеска објавените резултати од истражувањето на јавното мислење на Националниот демократски институт „Северна Македонија: Перцепција на граѓаните за општата состојба, економските политики и заштитата на потрошувачите“.

На прашањето кој е првиот најважен проблем со кој се соочува земјара,  27,2 проценти рекле дека тоа е животниот стандард, ниските плати и пензиите, за 22,9 проценти тоа се криминалот и корупцијата,  а за 13,3 проценти зголемување на цените и инфлацијата.

Следни на листата најголеми проблеми за државата се невработеноста (8,4 проценти), интеграција во ЕУ, отвореното прашање со Бугарија (6,7 проценти), владеење на правото и демократијата (5,9 проценти), иселувањето (5,4 проценти), судството (4,6 проценти), здравството (два процента)…

Човековите права и слободи, енергетската криза, образованието, безбедноста и стабилноста, меѓуетничките односи, и загадувањето, пак, се причина за загриженост на помалку од еден процент од испитаниците.

Според 58,2 процента од испитаниците што биле прашани кои се најважните проблеми, одговорот е животниот стандард, ниските плати и пензии, по што следуваат криминалот  и корупцијата (48,8 проценти),  зголемувањето на цените и инфлацијата (48 проценти), иселувањето (25,3 проценти), невработеноста (23,5 проценти)…

На прашањето „Доколку утре се одржуваат парламентарни избори, колку е веројатно дека ќе излезете да гласате?“ одговор дека би гласале дале 71 процент од испитаниците, дека не би гласале 23 отсто. Со одговор „дефинитивно ќе гласам“ се 32,6 проценти, најверојатно ќе гласам 38,5 проценти, веројатно нема да гласам 10,4 проценти, „дефинитивно нема да гласам“ 12,9 проценти, „не знае“ пет проценти, а одбиле да одговорат 0,7 проценти.

Според истражувањето, доколку утре се одржат парламентарни избори, 21,5 проценти ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, 13,9 проценти за СДСМ, 6,2 проценти за ДУИ, 3,6 проценти за БЕСА, 3,4 проценти за Алијанса за Албанците, 2,9 проценти за Левица, 1,7 проценти за Движењето на Максим Димитриевски, за други 1,1 процент. за 2,2 проценти опција во таков случај е неважечко ливче, 16, 7 проценти рекле дека нема да гласаат, 8,5 проценти одбиле да одговорат, а 18, 3 проценти дале одговор „не знам, сѐ уште немам одлучено“.

Истражувањето на Националниот демократски институт е спроведено од 13 до 24 април годинава на примерок од 1003 испитаници на возраст од над 18 години, со метод лице-в-лице и маргина на грешка +/-3,09 процентни поени.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 3 часа

Ниска сообраќајна култура-Се вози брзо, под дејство на алкохол, се прскаат пешаци…

Македонијапред 4 часа

Нови 46 случаи на голема кашлица во земјава од 12 до 18 април

Македонијапред 5 часа

СОНК бара да се повлече одлуката за одработување на 24 април и 8 мај

Гостиварпред 6 часа

Метео аларм за утре (недела): Пороен дожд, грмежи и ветер

Здравје и убавинапред 6 часа

Овошјa кои треба да се јадат за здраво и нормално варење на храната

Деца Родителипред 20 часа

Разновидна исхрана за правилен развој на детскиот мозок

ИЗБОРИ 2024пред 24 часа

Претседателски избори: Утре први гласаат членовите на ИО во дијаспората

Дафина Стојаноска
ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Стојаноска: Кај граѓаните има расположение за промени, го користиме секој момент да ги сослушаме

Гостиварпред 1 ден

Матен случај за имот во Маврово кој гостиварка си го нашла заклучен

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена