Најголемиот папучар во историјата на фудбалот: Поради жена му не стана Светски шампион

Германецот Бернд Шустер во осумдесеттите години од претходниот век важеше за еден од најдобрите фудбалери на светот. Неговата умешност со топката, визијата и потезите на теренот ретко кого оставаа рамнодушен.

Професионалната кариера ја започна во Келн, а подоцна настапуваше и за Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Леверкузен пред да ја заврши кариерата во дресот на мексичкиот Пумас во 1997 година.

Шустер важеше за еден од најдобрите фудбалери во своето време, но настапи на само 21 натпревар за германската репрезентација. Причина за тоа е неговата поранешна сопруга Габи која го чинеше многу во неговата кариера. Поранешната козметичарка, старлета и „плеј-бој“ модел е воедно и првата жена во историјата која беше менаџер на својот сопруг.

Поради тоа многумина ја мразеа, оспоруваа и нарекуваа со разни имиња, а и беше топ тема за медиумите кои ја нарекоа „револуционерка во машкиот свет и фудбал“ поради што Шустер набргу го доби прекарот „најголем папучар во светот на фудбалот“.

Шустер во 1980 година го освои Европското првенство со Германија и се најде во идеалниот тим на шампионатот со што се чинеше дека започнува една бајка, но тоа не беше случајот. Тој требаше да биде и лидер на Светското првенство во 1982 година, но никогаш не заигра на собирот на најдобрите светски репрезентации.

Низ годините се променија многу селектори и раководни лица во репрезентацијата кои го молеа да се врати во националниот тим, но не го разубедија да го облече дресот по 29. февруари 1984 година.

Габи му направи проблеми и во клупската кариера, а и самиот го призна тоа по разводот во 2008 година.

„Одиграв само 21 натпревар за репрезџентацијата. Виновен сум за многу работи. Кога гледам во минатото, би променил многу работи. Можев да освојам барем една, ако не и две титули Светски шампион со Германија. Жал ми е, но не можам да применам ништо. Но, ако не го правев се тоа не би бил интересен за луѓето од Холивуд кои бараа да снимаат филм за мене. Не се снима филм за секој“, изјави Шустер кој подоцна заплива и во тренерските води.

Се вчитува...