Димитриоски потпиша нов договор со Ваљадолид

Македонскиот ракометар Димитар Димитриоски потпиша нов договор со шпанскиот клуб Атлетико Ваљадолид.

Димитриоски досега во 39 меча за Ваљадолид успеа да постигне 77 голови, а во екипата пристигна во 2022 година.

Македонецот досега играше за Пелистер 2, Металург и Вардар, а настапуваше и за јуниорската репрезентација на Македонија.

„Среќен сум поради продолжување на мојот договор со Ваљадолид. Овде се чувствувам среќно“, кажа Димитриоски.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО