Имам нешто да те прашам

Кристијан Станковски-Бомбакис: Скопје одамна го нема тој дух и таа предновогодишна еуфорија (Фото+Видео)

Тој е „дечкото со пораките напишани на картон“. Општествено одговорен и пред се хуман. Познат македонски инфлуенсер и јутубер. Малкумина не знаат дека неговото вистинско име е Кристијан, но штом го споменеме Бомбакис, сите знаат за кого станува збор. Годинава ќе ја памети по најубавите работи кои му се случија во животот, а од музика слуша буквално се и сешто. Денот го започнува позитивно, со музика. А новата 2024-та ќе ја дочека со своите најблиски во домашна атмосфера.

Почитувани, во новогодишниот серијал на новогодишни интервјуа, Кристијан Станковски попознат како Бомбакис.

Музика24: Кон крајот од уште една интересна година редно е да сублимираме по што ќе ја паметиме… За волја на вистината поминавме кризи, инфлации, замрзнување-одмрзнување на цени, протести, но имаше и убави моменти, музички фестивали, нови хитови, убави и интересни концерти… Што Ви остана како белег, сеќавање на 2023-та година?

Кристијан Станковски-Бомбакис: За мене беше најдобра 2023 година. Правев свадба, чекам дете и по тоа најмногу ќе ја паметам.

Музика24: За разлика од предходните неколку години, оваа година многуте музички фестивали (кои за среќа се уште постојат) понудија голем број на композиции и песни кои претендираат да бидат хитови. Која според Вас песна ја одбележа 2023-та година и го заслужува епитетот Хит на годината?

Кристијан Станковски-Бомбакис: Па што знам, ја слушам све што ми прифаќа увото, а еве нека биде од Инсерта-Ријана, хит за мене од оваа година.

Музика24: Се приближува популарната новогодишна еуфорија кога секојдневно се случуваат забави, афтер парти, шопингувања… Во потрага сме по најубавиот подарок за најсаканите. Дали и Вас ви се случува во овој период од годината да бидете еуфорични, односно како делува целата новогодишна еуфорија на Вас и Вашето секојдневие?

Кристијан Станковски-Бомбакис: Па воопшто не го чувствувам тоа, исто ми е како и било кој месец од годината, одамна сум престанал да славам Нова година, башка ништо не е украсено кај нас задњиве години така да го нема тој дух и таа пред новогодишна еуфорија.

Музика24: Кога веќе ги споменуваме новогодишните подароци, како одбирате што да подарите, односно, според што се водите кога бирате новогодишен подарок?

Кристијан Станковски-Бомбакис: Па во принцип знам кој што сака и така одбирам подарок.

Музика24: Денес е вистинска реткост некој да праша дали сте среќна личност? Дали практикувате да се интересирате за блиските луѓе што ги прави среќни и колку се трудите да стимулирате убаво расположение?

Кристијан Станковски-Бомбакис: Па хлефам да им угодам на сите за да бидат среќни и задоволни, малку е тешко тоа ама се трудам. А јас дали сум среќен, па тоа е релеванта работа.

Музика24: Сите ние правиме грешки и никој не е безгрешен. Што е она што во 2023-та да имате можност би го смениле, или би посакале воопшто да не се случило?

Кристијан Станковски-Бомбакис: Не само во 2023, општо во животот, ништо не би изменил да не се случи, така требало да биде и ради сите тие работи сум тука каде што сум.

Музика24: Која песна, или рефрен деновиве го потпевнувате, односно дали денот го започнувате со песна и музика?

Кристијан Станковски-Бомбакис: Секогаш! Музика пуштам штом станам од спиење, тоа ми дава мотивација за добар ден. Инаку, моментално ми се врти „Посреќна“ од ДНК и Врчак во глава.

Музика24: Дали се уште верувате во легендата за Дедо Мраз и дали за него имате годинава некоја порака?

Кристијан Станковски-Бомбакис: Не верувам во Дедо Мраз. Можеби на времето, сега јас сум Дедо Мраз со мојата хуманитарна акција 4 години што веќе трае и даваме пакетчиња на социјално загрозени деца.

Музика24: Веќе сме на прагот на една нова, се надеваме и веруваме поуспешна и поубава година за сите нас. Кои се Вашите пред се професионални планови и замисли и што би сакале да се случи ново на приватно поле во Новата 2024-та година?

Кристијан Станковски-Бомбакис: Имам неколку идеи, ама нема да ги кажам ќе оставам да видите.

Музика24: Наскоро не очекува дочекот на Новата 2024-та година, па каде планирате да ја дочекате и со кого?

Кристијан Станковски-Бомбакис: Дома со моите најблиски.

Музика24: Новата година не е комплетна без Дедо Мраз, без неговите ирваси, без даровите, но и без желбите. Кои се вашите желби за Новата 2024 година?

Кристијан Станковски-Бомбакис: Да бидеме здрави и живи сите, сѐ друго можеме да направиме.

Музика24: Со новогодишната порака би го завршиле овој забавен разговор, па ајде да чуеме на кој начин Вие ќе им ја честитате Новата година на вашите фанови, сите оние кои што ве почитуваат и сакаат и секако на читателите на единствениот музички портал во Македонија, Музика24?

Кристијан Станковски-Бомбакис: Прекрасни луѓе да ми останете, прекрасни и во Новата година, живи здрави и само позитивни.

Интервјуто го подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: