Шампионската забава на Интер може да почне, Чалханоглу донесе триумф над Торино

Улиците на Милано денеска се обоени во сино-црно откако Интер ја организираше шампионската забава со која ќе биде одбележано освоеното скудето, јубилејно 20. во клупската историја.

Титулата беше математички осигурана уште во понеделникот, но „нероаѕурите“ со денешниот домашен меч против Болоња, одигран со почеток во 12.30 часот го почнаа денот во кој попладнево ќе следи и шампионска парада. За задоволството да биде комплетно, тимот на Симоне Инзаги стигна до нова победа, совладувајќи го „болоњезите“ со 2-0 за уште еден меч во кој Јан Зомер ја сочува својата мрежа незатресена.

Првото полувреме донее здодевен фудбал, но затоа многу поинтересно беше во вториот дел. Возбудувањата почнаа кога гостинскиот дефанзивец Тамезе доби црвен картон за старт врз Мхитаријан во 49. минута. Во наредните десетина минути Интер ја искористи на најдобар можен начин предноста од играч повеќе, постигнувајќи два гола преку Хакан Чалханоглу.

Триумфот беше осигуран, па Симоне Инзаги повлече дел од првотимците, а Интер рутински ја задржа предноста до самиот крај, за идеален почеток на шампионската забава.

Се вчитува...