Кралот Чарлс III и британското кралско семејство се откажуваат од дел од нивните покровителства

Британскиот крал Чарлс Трети и другите постари членови на британското кралско семејство ќе се откажат од своето покровителство на речиси 200 добротворни организации по ревизијаа на нивната поврзаност со повеќе од илјада групи, соопшти во саботата Бакингемскиот дворец.

Ревизијата беше започната по смртта на кралицата Елизабета Втора за да се испитаат сите добротворни организации и тела со кои таа, тогаш принцот Чарлс/Кралот Чарлс III. и неговата сопругата кралица Камила биле поврзани.

Елизабета Втора била покровител на 492 организации, додека Чарлс беше член на 441, а Камила на 100, а по ревизија и проценка, нешто повеќе од 830 се задржани од кралот и кралицата или предадени на други членови на кралското семејство.

Организациите можат да аплицираат за кралско покровителство коешто, пак, може да обезбеди публицитет за нивната работа и да помогне нивните достигнувања да бидат широко признати.

Меѓу оние кои ја задржаа својата кралска врска се Кралската британска легија, најголемата добротворна организација на вооружените сили, „Dogs Trust“, „Jockey Club“ и „Wildlife Trusts“, организација за заштита на природата.

„Неговото височество постојано покажува предвидливост, храброст и лидерство бидејќи им помага на заедниците, добротворните организации и бизнисите да се справат со предизвиците и можностите својствени за поодржливо живеење и во хармонија со природата“, рече извршниот директор на „Wildlife Trusts“, Крег Бенет.

„Затоа е голема чест што неговото височество се согласи да го продолжи своето покровителство“, додаде тој.

Наодите од прегледот ќе бидат споделени меѓу релевантните организации следната седмица, што ја одбележува првата годишнина од крунисувањето на Чарлс и Камила, соопшти дворецот.