„Најголема штета е да не се излезе на гласање“, вели Јакимовски

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Кандидатот за претседател, Стевчо Јакимовски го оствaри своето право на глас, а потоа пред медиумите порача дека најголема штета и се прави на земјата ако не се излезе на гласање.

„Апел до граѓаните: Излезете да гласате. Најголема штета се прави на Република Македонија ако не се излегува да се гласа и втората замолница е да се излезе да се гласа „за“, а не „против“. Секогаш кога гласаме против некого секогаш правиме грешки и тие грешки повторно се на штета на државата. Затоа, почитувани граѓани, излезете и дајте го гласот за оној којшто мислите дека ќе биде најдобар претседател, најдобар врховен командант на вооружените сили на Република Македонија“, рече Јакимовски.