Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Барселона со пеколно второ полувреме го разби ПСЖ, Веспрем во последната секунда го матираше Алборг (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBhandbol

Ракометарите на Барселона се на добар пат на обезбедат место на завршниот фајналфор турнир во Лигата на шампионите откако вечерва забележаа убедлива победа над ПСЖ со 30:22 во првото соочување во четвртфиналната рунда.

„Светците“ беа добри во првите 30 минути и на пауза заминаа со позитива од 14-11, но по паузата видовме сосема друга слика на теренот, комплетна доминација на гостите кои одиграа брилијантно како во одбрана така и во напад и со 19-8 дојдоа до триумф со кој со едната нога се во Келн.

Мем со седум гола беше прв стрелец, додека Сипшак даде исто толку за ПСЖ.

На првиот денешен дуел Веспрем со голот на Фати Омар пред звукот на сирената славеше над Алборг со 32:31. Голема борба се водеше, гостите имаа можност да остварат далеку подобар резултат, меѓутоа домашните ракометари пронајдоа начин и стигнаа до минимален триумф кој е најава за пеколен реванш.

Ремили со 6 погодоци беше најефикасен играч на теренот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни