Една глава повисока и пет години постара-чека бебе со Хари Потер

Од:

Волшебникот од хит серијата „Хари Потер“ на социјалните мрежи објави дека наскоро ќе стане татко.

Британскиот актер Даниел Редклиф (33), најпознат по улогата на Хари Потер во хит серијата, ја објави среќната вест дека тој и неговата партнерка Ерин Дарк (38) го очекуваат своето прво дете.

Пред неколку дена папараците го сликаа парот на улица, по тој повод и го сликаа стомакот на актерката, по што Редклиф реши да ги искористи тие слики за да го објави доаѓањето на наследникот на Инстаграм.

Редклиф и Ерин се заедно повеќе од десет години, а се запознаа на снимањето на филмот „Kill you darling“ каде имаа неколку романтични сцени.

„Се сеќавам дека размислував колку би било интересно да им го покажам на децата моментот кога сфатив дека воопшто не глумам и дека сум заљубен“.

Неговата избраничка, Ерин, досега глумеше во „The Marvelous Mrs. Maisel“, „Good Girls Revolt“ и „Still Alice“, кој беше номинирана за Оскар.