ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА ТЕМАТСКИ СТРИП КОНКУРС

 

Стрип центарот на Македонија од Велес е во имплементација на Грантот “All we are saying is GIVE INCLUSION A CHANCE!“ од вториот повик отворен повик за предлози за Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на програмата „Градиме нови мостови“ на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.


Целта  на проектот е да се зајакне капацитетот на младите луѓе без разлика на етничката поделба да користат стрипови како соодветна културна алатка за промовирање на меѓуетнички дијалог, граѓански вредности и борба против дискриминацијата.

– Право на учество имаа сите ученици од основно и средно образование од државата, без разлика на родот, етничка или друга припадност со цел прикажување на пријателства што ги надминуваат културните и националните граници, нагласувајќи како заедничките вредности можат да ги премостат разликите.


-Tемите на стрипот беа :

А) прикажување на пријателства што ги надминуваат културните и националните граници, нагласувајќи како заедничките вредности можат да ги премостат разликите.


Б) фантастични или научно-фантастични светови каде што се спојуваат ликовите од различно културно потекло, формирајќи сојузи и пријателства кои ги надминуваат измислените културни поделби.

Како дел од проектот беше организиран тематски стрип конкурс за учениците од основните и средни училишта од државата

Според Томе Трајков –проект  координатор на проектот и Стрип центар на Македонија  масовноста далеку ги надминаа очекувањата со пријавени 263 (двестеа шеесет и три )  стрипови  на ученици од : Скопје, Велес, Брвеница, Јегуновце , Неготино , Тетово, Битола, Кавадарци, Прилеп, Куманово , Кочани (вклучено с .Оризари) , Ресен и Берово/

Но, некој мораше да се издвои,  а како најдобри беа избрани:

Категорија Основци

  1. место – тимска работа на учениците од 8 -2 одд. ООУ „„ Гоце Делчев“ “Ресен за стрипот „Магичниот портал“
  2. место – Кристина Маркоска с. Брвеница за стрипот „Балкански културен собир“
  3. место – Филип Томевски и Стефани Јовановска од Куманово за стрипот „Вселенска авантура “

Најдобар цртеж Андреа Младенова , Скопје за стрипот „ Мојата пријателка ме вклучува !“„

Најдобар колор : Андреа Ѓорѓиева , Неготино за стрипот „Пријателски договор“

Пофалници добиваат :

  • Ана Василевска, Радовиш за стрипот „ Различни сме,но можеме заедно да откриваме нови планети!“
  • Јоана Талеска, Прилеп за стрипот „Кратка средба на патот“

 

Категорија -Средношколци

  1. Место Елена Апостоловска, Скопје за стрипот ” Добрината од внатре”
  2. Место Вилма Дамњановска, Скопје за стрипот „Пријателства помеѓу различни светови“
  3. Место Теодора Христова  и Михаела Васкоска , Битола за стрипот „Покрај замрзнатата река“

Најдобар колор Нена Капсарова , Гевгелија за стрипот „„ ,,Желба“”

Пофалница

  • Георги Тодоров-Кочани за стрипот „ ,Together We’re Unbreakable “
  • Влера Чиче , Скопје за стрипот „ Заедно со боите“

 

Најмлад учесник:

  • Марко Купенков – Скопје со 5,5 г

Најуспешен ментори

  • Татјана Антевска Маркоска ООУ „ Александар Здравковски“ Јегуновце Тетово, ООУ  „ Кирил и Методи“ Тетово, ООУ „Шемшево“, ПОУ Жилче,  Јегуновце  Тетово (54 автори)
  • Маја Крстева Крстева ООУ „Братство“ Тафталиџе . Скопје. (60 автори)

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …