Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Поразот вреди повеќе од победа: Борусија ќе заработи далеку повеќе пари ако загуби од Реал во финалето во ЛШ!

Објавено

на

Foto:twitter.com/BVB

Борусија Дортмунд елиминираше големи екипи како Атлетико Мадрид и ПСЖ и сосема заслужено се пласираше во големото финале во Лигата на шампионите, натпреварување во кое по трет пат ќе биде дел од едно завршно сценарио.

„Милионерите“ ќе ја бркаат својата втора титула во најелитното натпреварување на мечот кој ќе се одигра на 1-ви јуни на „Вембли“, но најавите за ова големо финале уште во раната фаза донесоа еден неверојатен податок кој брзо стана доста популарен во Германија благодарение на угледниот „Билд“.

Имено, Борусија Дортмунд како клуб се соочува со навистина необична и парадоксална ситуација, бидејќи од финансиска гледна точка ќе заработи далеку повеќе пари ако загуби од Реал во финалето во Лондон.

Причина за тоа е Џуд Белингам, односно клаузулата која постои во договорот кој беше склучен со Реал Мадрид пред една година, а според која „кралевите“ ќе исплатат „дебел“ бонус доколку Англичанецот ја освои титулата во Лигата на шампиони.

Борусија ќе добие 25 милиони евра ако загуби од Реал во финалето поради бонусот за Белингам, но исто така ќе ги добие и гарантираните 15 милиони евра кои ги доделува УЕФА за учесникот во финалето.

Доколку победи, клубот од „Вестфален“ ќе остане без бонусот од 25 милиони евра, па на своето конто ќе ја инкасира само премијата која ја добива подобриот во финалето, а тоа се 20 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни