Македонија е прва во загадувањето, а втора во пушењето цигари во светот!

После статистиките за тоа дека сме први во загадувањето, стига нова интересна статистика: Македонија е втора во светот според консумирањето цигари!

Според оваа статистика од Википедија Македонија е на четврто место во светот, но ако се исклучат Андора и Луксембург, кои имаат бесцарински продавници за цигари со цени пониски и за 20 проценти од соседите, каде одат голем број странци, Македонија се качува на второ место.

Андора *6,398.3
Луксембург *6,330.9
Белорусија*2,911.3
Македонија*2,784.9
Албанија*2,491.6

Ако кликнете ѕвездичката таа ќе ве однесе на страницата за „здравје во Македонија“ каде пишува дека сме четврти во Европа по смртност од непреносливи болести.

Што е причината за толкав број пушачи?

Во текстот на Википедија стои:

  • „Повеќе од 80% од сите пушачи сега живеат во земји со ниски или средни примања“
  • „Распространетоста на пушењето е силно поврзана со социо-економските недостатоци (ниски заработувачки), со над двојно поголема стапка кај најзагрозените.“
  • „Постои силна врска помеѓу социо-економскиот статус (СЕС) и пушењето. Според истражувањата, земјите во развој имаат највисока стапка на употреба на тутун.“

Од сите овие нешта можеме да кажеме дека валидноста на оваа статистика зборува за следното:

Пушењето цигари може да се користи како мерило за сиромаштијата!

И да го заклучиме следното:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *