Во спомен на настраданите: Македонија ќе игра во темни дресови против Лихтенштајн и ќе има натпис „Кочани“

Денови се на жалост, цела Македонија сѐ уште ги оплакува жртвите од големата трагедија во Кочани и се моли за здравјето на повредените. Фудбалерите, сепак, утре ќе мора да играат квалификациски натпревар против Лихтенштајн во Вадуц, на стартот од квалификацискиот циклус за СП 2026.

Но, ќе играат во чест и спомен на трагично загинатите, а гневот што секој еден Македонец го носи во себе поради огромната загуба на човечките животи ќе се обидат да ја канализираат во дополнителна енерија, да се остави на терен најдоброто од себе и да се посвети на оние кои што не се веќе меѓу нас, но засекогаш ќе останат во нашите срца.

Македонија овој натпревар ќе го одигра во темни дресови, а на нив ќе стои и натписот „Кочани“. На тој начин ќе се оддаде спомен на настраданите. Фудбалерите ќе дадат сѐ од себе да стигнат до триумф, а постигнатите голови секако нема да се прославуваат со еуфорија, туку со поглед кон небото и со посвета за трагичниот настан што ја потресе цела Македонија.

- Оглас -

Најнови вести