Екстраваганција за окото: Вулкан на Антарктикот исфрла 80 грама злато дневно во ледениот воздух

266
Фото:пекселс

Планината Еребус крие еден од најактивните вулкани во светот, кој секојдневно исфрла околу 80 грама злато во студениот воздух на Антарктикот. Антарктикот е леден континент со екстремно ниски температури, но има и силна вулканска активност.

Вулканот Еребус, кој е еден од 138-те активни вулкани на Антарктикот, исфрла гас секој ден, кој содржи кристализирано злато, чија вредност, според проценките, е речиси 6.000 долари.

Повеќето од вулканите на Антарктикот се наоѓаат во Западен Антарктик и во земјата Мари Берд. Додека повеќето од нив се неактивни, осум или девет вулкани на Антарктикот се сметаат за активни. Во поновата историја еруптирале само три вулкани, иако тоа било многу поинаку во далечното минато.

Вулканот Еребус е именуван по старогрчкиот бог на темнината, а истражувачите истакнуваат дека еруптирал „кога капетанот Сер Џејмс Кларк Рос првпат го видел во 1841 година“.

Вулканска активност во минатото

Неодамнешното истражување засновано на колекцијата ледени јадра од Антарктикот сугерира дека континентот бил опустошен од гигантски вулкански ерупции за време на последното ледено доба, од кои многу биле поголеми од која било ерупција во модерната историја.

Вулканска прашина може да се најде во радиус од 1.000 километри од вулканот, кој има висина од 3.795 метри, пишува IFL Science.

Златната прашина е само една од многуте честички исфрлени од вулканот од Еребус, еден од најозлогласените вулкани на планетата поради катастрофата што се случи на 28 ноември 1979 година. Тогаш авионот на летот 901 на авиокомпанијата „Ер Њу Зеланд“ удрил во една од карпите на вулканот и загинале сите 257 луѓе кои биле во авионот.

Инаку, летот беше дел од промо-програмата на оваа компанија, која им овозможуваше на патниците да патуваат од Окленд до Антарктикот и назад, а кој требаше да трае 11 часа, а вклучуваше и разгледување знаменитости од авионот.