Дуа Липа доби албанско државјанство, претседателот Бегај: „Таа е наша гордост“


 

Пејачката Дуа Липа доби албанско државјанство. Претседателот на Албанија Најрам Бегај, меѓудругото, порача дека таа е гордост на оваа држава.

„Посебно задоволство ми е што на талентираната и светски позната пејаќка ќе ѝ го врачам декретот за албанско државјанство! Пред 110 годишнината од прогласувањето независност на Албанија, не им оддаваме чест само на оние кои во минатото придонеле и помогнале во создавањето на албанската држава, туку и на оние кои со својот придонес во сите области го промовираат албанскиот национален идентитет и не прават горди во секој момент“, напиша на својот Фејсбук профил Бегај.

Додаде дека уметница како Дуа Липа е богатство за музичкиот свет, а во исто време и гордост на Албанија, Косово и на сите подрачја каде што се говори албанскиот јазик. Смета дека таа е симбол на талент и напорна работа.

Оваа светски позната пејачка со албанско потекли истакна дека е особено среќна што добила државјанство.

„Ви благодарам претседателе Бегај и градоначалниче Ерион Велијан на ова признание – добв албанско државјанство! Многу сум горда“, вели таа на Инстаграм.

Дуа Липа е родена на 22 август 1995 година во Лондон, Обединетото Кралство, во семејство на албански родители од Косово кои ја напуштиле Приштина во 1990-тите години.