Поврзете се со нас

НБА

Бостон и Оклахома тргнаа со победи во втората рунда на НБА плејофот (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/dallasmavs

Бостон и Оклахома Сити ја потврдија одличната форма и на отворањето на сериите од втората рунда на НБА плејофот и стигнаа до сигурни победи во дуелите со Кливленд, односно Далас.

На Истокот, Бостон го победи Кливленд со 120:95, во натпревар на кој домаќините постојано го контролираа резултатот и водството и на крајот го заокружија првиот дуел со сигурна победа за водство од 1:0 во серијата.

Браун со 32 и Вајт со 25 поени беа најефикасни во победничкиот тим, додека Мичел го предводеше Кливленд со 33 поени на оваа средба.

Во западната конференција, Оклахома Сити триумфираше над Далас со 117:95, а гостите последен пат најавија неизвесен дуел на стартот на третиот период кога стигнаа на минус еден. Сепак, фаворитот не дозволи изненадување, Дорт одигра одлична одбрана на Дончиќ и Оклахома веќе води во серијата со 1:0.

Шеј Гилџус-Александер го завршил натпреварот со 29 поени, 9 скокови и 9 асистенции, добивајќи го дуелот со Дончиќ, кој повторно имал слаба реализација и загубени топки, а постигнал 19 поени. Ирвинг со 20 поени бил најефикасен во редовите на Далас на оваа средба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни