Митрашиновиќ ја освои титулата во Словачка

Најдобрата македонска кошаркарка, Анжелика Митрашиновиќ додаде нов трофеј во својата богата колекција. Таа стигна до трофејот во словачкиот шампионат со тимот на Плештанске Чајки.

Во финалето од плеј-офот во словачкиот шампионат Митрашиновиќ и нејзините соиграчки ја оправдаа фаворитската улога славејќи со 3-0 во серијата со Славија Банска Бистрица.

Последниот натпревар тие го добија со 69-56 и со тоа ја оправдаа фаворитската улога која им беше дадена пред почетокот на шампионатот.

Се вчитува...