Search

22 Април- Ден на планетата Земја

На Меѓународниот ден на планетата Земја, 22 април, да се потсетиме уште еднаш дека можеме да направиме многу, како поединци и како општество за да ја спречиме кризата предизвикана од климатските промени, загубата на природата и биолошката разновидност, како и загадувањето и отпадот.

Човештвото во последните децении ги руши сите рекорди за глобалното затоплување. Кревките екосистеми се соочуваат со огромен притисок. Повеќе од 1 милион растенија, животни и други живи суштества се изложени на ризик да бидат уништени. Валканиот воздух и хемиското загадување се закануваат на нашата земја, океан и здравје.

На Меѓународниот ден на планетата Земја, да се потсетиме декој чекор се брои и секој избор е важен.

Најново

Последни колумни