Работнички славеше во Тиквешијата: „Центарци“ за влакно подобри од Еуро Никел

Единствениот натпревар од кошаркарската прва лига во Македонија вечерва се одигра во Кавадарци, каде домаќинот Еуро Никел го пречека составот на Работнички.

Иако домаќините имаа одличен стартна оваа средба, гостите од „центар“ се заангажираа повеќе во вторите десет минути и до полувреме имаа минимална предност нагости.

Вториот дел донесе голема борба и жар на теренот, а во ниту еден момент од натпреварот немаше големи разлики на екипите. До крајот Работнички не дозволи домаќините да поведат и останат во предност, па со резултат 92:91, славеше во салата „Јасмин“ во Кавадарци.

По ова коло, Работнички има 13 победи и четири порази на натпреварите, додека Еуро Никел е третопласирана екипа со скор од 12 победи и пет порази.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО