Носителката на листата за пратеници на СДСМ во Третата изборна единица, Сања Лукаревска, со соопштение до јавноста се обрати во однос на зајакнувањето и подобрувањете на конкурентноста на домашните компании. Таа истакна дека, како во изминатиот период, така и во иднина ќе ги поддржават компаниите со финансиска помош.

  • Гаѓаните и компаниите ги гледаме како наши партнери и сојузници. Ќе останеме заедно и заедно ќе ги решаваме предизвиците, кои нема да бидат ниту малку, ниту лесни. Европската агенда е напорна и бара вклученост на сите, но тоа е најдобриот и најефикасниот начин секој ден работите да ги подобруваме за да ги достигнеме европските стандарди. И до сега многу работевме за да бидеме конкурентни. Многу вложивме во зајакнувањето на домашните компаниии, од целосно заборавени, до никакква финансиска поддршка, ние ги поддржуваме со 100 милиони евра. Во наредните четири години домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра. Заедно, партнерски со нив, ќе продолжиме да ја јакнеме домашната економија, со јавни инвестиции од 3,5 милијарди евра. Домашното производство на електрична енергија ќе го зголемиме за 70 отсто, со што државата ќе постигне енергетска независност и ќе задоволува 100 отсто од потребите за струја, истакна Лукаревска.

Таа додаде дека во Третата изборна единица гордост е ветерниот парк во близина на селото Богословец кај Свети Николе, за што се инвестирани 61 милион евра.

  • Во наредните 25 години ќе се овозможи зелена енергија за повеќе од 20.000 домаќинства, додаде Лукаревска.