еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Палчо во наводно писмо тврди дека тој барал брза екстрадиција: „Министерот Лога лаже“

Политичката партија Десна на која до неодамна претседател и беше Љупчо Палевски Палчо, осомничен за убиството и киднапирањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, на Фејсбук објави наводно писмо од Палчо, кој е во затвор во Турција, каде беше уапсен по неговото бегство.

Од Министерството за правда пред неколку дена информираа дека Турција одобрила негова екстрадиција во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турција одобри екстрадиција на Палчо

Во писмото кое е „адресирано“ до министерот за правда, Кренар Лога, меѓудруго се вели дека тој „лаже“, и дека Палевски барал кратка и брза екстрадиција, без противење.

„Многу важно, го прашав судијата колку време трае брзава, краткава екстрадиција, добив одговор дека целиот процес е 40 дена од денот на хапсење. На 22. декември бев во Баликесир на повисокиот суд каде за разлика од првиот, понискиот суд, ме прашаа дали постои опасност од мачење и убивање во Македонија.

За прв пат почувствував срам за мојава држава и од инат ако ништо друго дадов изјава: „Не, инсистирам на кратка и брза екстрадиција во Македонија за да се бранам во истрагата“.

Сѐ ова после 5-6 писанија до обвинителот, го добив на коректен англиски со печат и потпис од Судот.

Од тогаш, од минатата година до денес, едни други курветини, „НАТО Прогресивци“, но кои на Ердо се клањаат, министер за правда, колега на малоумниов Кренар Лога го држат Палчо во „експрес брза екстрадиција“, стои во наводното писмо од Палевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Љупчо Палевски повеќе не е претседател на партијата „Десна„

Која е партијата „Десна“ чиј претседател е Палевски, а членови дел од осомничените за убиството и грабнувањето на Вања и Панче

(Фото) Партијата „Десна“ објави наводно писмо од Палчо, во кое вели дека не киднапирал и убивал деца и старци

Фото: Палевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Притвор од 30 дена за шестмината осомничени за трговија со марихуана вредна 800.000 евра

Редакција

Македонија урива црни рекорди: За еден ден 22 починати од Ковид-19

Редакција

(Фото) Османи од украинскиот град Ирпињ: Градот е жив доказ дека руската агресија над Украина претставува тешко кршење на меѓународното право

Редакција