Спорт
Портланд со петорка дебитанти му се спротивстави на Денвер
Портланд Трејлблејзерс синоќа стана вториот тим во историјата на најсилната лига кој започнал натпревар со петмина дебитанти.
Тимот од Орегон беше поразен на домашен терен од Денвер со резултат 114:111. Денвер играше без двајцата најдобри играчи, Никола Јокиќ и Џамал Мареј, додека кај Портланд поради повреди отсуствуваа: Енферни Симонс, Џереми Грант, Деандре Ејтон, Шедон Шарп и Малколм Брогдон.
Поради нивното отсуство, тренерот на Портланд, Чонси Билапс уште од самиот почеток испрати квинтет „рукии“ на теренот: Скот Хендерсон (третиот пик на последниот драфт), Крис Мареј, Тумани Камара, Рајан Руперт и поранешниот кошаркар на Црвена звезда Дуоп Рит.
Портланд е вториот тим во историјата на НБА кој започнал натпревар со дебитанти, по Голден Стејт во 2012 година.
На 16 април, Вориорс го започнаа натпреварот против Сан Антонио со петмина дебитанти. За Вориорс на тој натпревар стартуваа: Клеј Томпсон, Крис Рајт, Џереми Тајлер, Микел Гледнес и легендарниот Американец кој долги години играше за Црвена звезда, Чарлс Џенкинс.
Стартери во НБА се бележат од сезоната 1971/1972 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Олимпијакос е финалист во Конференциската лига, за трофејот ќе игра против Фиорентина
Ривал на Фиорентина во финалето на Конференциската лига ќе биде Олимпијакос. Црвено-белиот тим ја совлада Астон Вила со 2:0 во реваншот од полуфиналето во Пиреја.
Грчкиот тим се пласираше во првото финале во натпреварување организирано од УЕФА, благодарение на Ајуб Ел Каби, кој погоди двапати во 11. и 79. минута. Репрезентативецот на Мароко во двата натпревари против Астон Вила постигна пет од шестте голови на Олимпијакос.
Домашните брзо поведоа пред своите гледачи, во 11.минута Ел Каби го прифати додавањето во шеснаесетникот, брзо реагираше и упати удар кој заврши во долниот десен агол.
Со оглед на тоа што грчкиот тим имаше 4:2 од првиот натпревар, овој резултат им одеше во прилог во текот на целиот натпревар. За нов гол се чекаше до 79.минута и повторно стрелец беше Ел Каби.
Олимпијакос за трофејот ќе се борис со ланскиот финалист Фиорентина. Финалето ќе се игра на 29.мај, на стадионот на АЕК во Атина.
Спорт
(Видео) Непобедливиот Баер израмни во 97.минута, во финалето со Аталанта
Баер Леверкузен и Аталанта ќе се борат за трофејот во Лига Европа. Вечерва, Аталанта постигна историски успех, се пласира во своето прво европско финале, откако во ревашот го победи Марсеј со 3:0. Баер ја продолжи серијата без пораз, урна рекорд стар 59 години, откако уште еднаш на волшебен начин избегна пораз. До 82.минута новиот шампион на германија губеше од Рома 0:2, на крајот со голот на Станишиќ во 97.минута избори реми 2:2. Баер нема пораз на 49 натпревар во низа.
Баер во Леверкузен доминираше против Рома, но до 82.минута не успеа да го совлада одличниот Миле Свилар кој натпреварот го заврши со 12 одбрани. Рома успеа да ја наулира негативата од првиот меч, два пати од белата точка погоди Паредес, откако аматерски пебали направија Та во 43. и Хложек во 66.минута.
Во 82.минута Манчини си постигна авто-гол, а на истекот на 97.минута Станишиќ ги постави конечните 2:2.
Баер се избори за првото европско финале по пауза од 22 години, кога играше финале во Лигата на шампионите.
Во Бергамо, Аталанта го прегази Олимпик Марсеј. По првиот меч резултатот беше 1:1, а во реваншот Аталанта славеше со 3:0. Стрелци на головите беа Лукман во 30., Руџери во 52. и Туре во 85.минута.
Финалниот натпревар во Лига Европа ќе се одигра на 22 мај во Даблин.
Спорт
Феликс во голем проблем, за Барса непотребен, во Атлетико непожелен
Жоао Феликс на лето би можел да се најде во нов проблем, Барселона не е подготвена да го купи, додека во Атлетико Мадрид никој не сака да се врати.
Извори од Мадрид денеска пишуваат дека Диего Симеоне јасно им ставил до знаење на раководството дека преговара или со Барселона или со кој било друг клуб за продажба или нова позајмица на Португалецот. Но, за прв пат се додава и дека ниту неговите соиграчи не сакаат тој да се врати во својот тим и во соблекувалната.
Очигледно, на ниту еден од играчите не му се допадна што Жоао Феликс прослави гол против нив и патем, навивачите прилично го замразеа поради тоа.
На играчите им е доста од неговото недолично однесување, веруваат дека не се вклопува во тимот и дека е премногу егоцентричен и дека и со своите квалитети не прави разлика на теренот.
Инаку, Атлетико Мадрид постави цена од 60 милиони евра, но Барселона нема намера да плати толку. Дополнително, Чави Ернандез изјави дека на позицијата лево крило повеќе би сакал Дани Олмо и Никo Вилијамс.