ПЕНДАРОВСКИ: На 24 април да им покажеме дека сме подобри

/ 22.04.2024

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски попладнево од Демир Хисар порача дека ако во среда граѓаните излезат масовно и го заокружат бројот 1, ќе го одредат победникот на 8 мај.

,,Сега на 24 април, да им покажеме дека знаеме која е вистинската опција, опцијата 1 и да го одредиме победникот на 8 мај и на претседателските и на парламентарните избори” рече Пендаровски.

Заблагодарувајќи им се на поддршката на жителите на Демир Хисар, Пендаровски истакна дека заедно со кандидатите за пратеници се борат за подобар живот за сите, за младите тука да останат и да успеваат. И додаде дека актуелната политичка гарнитура успеала да ја врати Македонија на меѓународната политичка сцена, да зачува се што е македонско и притоа да ја внесе земјата во НАТО и да отпочне преговори со ЕУ, соопштуваат од неговиот тим.


Од истата категорија