О‘Саливен: Не сум најдобриот снукер играч на сите времиња

Седумкратниот светски шампион, Рони О’Саливен, не мисли дека е најдобриот снукер играч на сите времиња, иако во моментов на Светското првенство во „Крусибл театарот“ во Шефилд се бори да ја освои рекордната осма титула.

О’Саливен (48) ги освои другите два најзначајни турнири во светот на снукер, првенството на Обединетото Кралство и Мастерсот, па ова може да му биде најуспешна сезона во кариерата.

Запрашан дали се смета себеси за најдобар на сите времиња, О’Саливен рече:

„Не се сметам себеси за најголем. Можеби сум еден од најголемите. Тука е Хендри, Стив Дејвис. Имав поинаква кариера од нив. Тие успесите ги направија во период од само десетина години, додека јас некако излегов од колосек, па се собрав, и така неколку пати. Морав да играм подолго за да го остварам тоа што го имам. Правев и шоу на моменти со работи кои се случуваа надвор од масата, Хендри и Дејвис беа фокусирани на снукерот за разлика од мене“, вели Рони кој држи многу рекорди во овој спорт.

О’Саливен ја освои својата прва светска титула на 25-годишна возраст во 2001 година, а во 2022 стана најстариот светски шампион на 46-годишна возраст, рекорд кој може да го урне годинава.

На мечевите од Светското првенство во снукер, може да се обложите во Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести