Променливо облачно со повремен дожд, на планините со снег

Во Македонија во четртокот ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринските температура се движат од 0 до 10, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 5 и 19 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 15 степени.