Вкусни и едноставни: Рецепт за киндер обланди

Вкусни и едноставни: Рецепт за киндер обланди

Обландите се еден од омилените десерти на многумина. Денес ви споделуваме рецепт за обланди за кој сме сигурни дека ќе му се допадне на целото семејство.

Вкусни и едноставни: Рецепт за киндер обланди

Потребни состојки:

  • 700 грама шеќер
  • 2 децилитри вода
  • 375 грама маргарин
  • 400 грама млеко во прав
  • 100 грама чоколадо
  • 1 пакување обланди

Начин на подготовка:

Во сад ставете шеќер и вода. Гответе додека не се згусне, па додадете го маргаринот да се растопи. Се трга од оган и се додава млекото во прав. Изматете убаво со миксер и поделете ја масата на два дела. Во едниот дел додадете чоколадо. Намачкајте го едниот лист обланда со темен фил, а другиот со светлиот фил и така наизменично. Оставете го колачот да се излади и притиснете го со нешто одозгора. Исечете и послужете. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот рецепт за киндер обланди, можеби ќе сакате да го прочитате и овој рецепт за домашни наполитанки.

Извор: citymagazine.danas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар