Сончево и топло со мала до умерена облачност

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 82

Во вторникот во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи.

Утринските температури се движат меѓу 4 и 10, додека највисоките дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 18 и 27 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево време со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Температурата ќе достигне до 27 степени.