Вердер го суспендираше најголемото летно засилување

Кога Наби Кеита минатото лето го напушти Ливерпул и од неколкуте понуди ја избра онаа на Вердер се чинеше дека екс-фудбалерот на Лајпциг повторно ќе блеска во Бундес-лигата.

Наместо лидер, Кеита се претвори во главен проблем на Вердер откако во текот на сезоната неколку пати влегуваше во конфликти со соиграчите и тренерите, а непрофесионализмот кулминираше пред последното гостување во Леверкузен. Имено, откако дознал дека нема да биде стартер на „Бај Арена“ тој решил воопшто да не се качи во клупскиот автобус и почнал штрајк што траеше 48 часа.

Во меѓувреме тој објави дека е подготвен да се врати на тренинзите и натпреварите на Вердер, но следеше експресен одговор од управата – суспензија за Кеита.

„Однесувањето на Наби е нешто што не може да се толерира во нашиот клуб. Тој го разочара тимот, се стави себе си над екипата. Затоа, наша одлука е тој да биде суспендиран до крајот на сезонава, по што летово ќе биде донесена одлука за неговата иднина во клубот“, се вели во соопштението на Вердер.

Се вчитува...