Поврзете се со нас

Англија

Првиот човек на Хетафе ги открил плановите на Јунајтед за Гринвуд

Објавено

на

Foto:twitter.com/GetafeCF

Мејсон Гринвуд игра одлична сезона како позајмен играч во шпанскиот клуб Хетафе, а претседателот на истиот потврдил дека Манчестер Јунајтед нема планови за контроверзниот млад напаѓач.

Гринвуд замина во Шпанија откако беше ослободен од обвиненијата за силување, а Анхел Торес открил дека Јунајтед планира да го продаде ако добие солидна понуда.

– Ако одлучува само играчот, односно неговите родители и Хетафе, тој ќе остане овде уште една сезона.

– Сепак, нашиот спортски директор имаше средба со раковдството на Јунајтед во Англија и нивниот став е дека се подготвени да го продадат ако добијат добра понуда.

– Мора да почекаме до јуни, Гринвуд и неговото семејство се чувствуваат одлично во Шпанија, се надевам дека ќе остане барем до јануари, – истакнал Торес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни