Катарски и саудиски шеици во битка за купување на Ливерпул

Два конзорциуми од Блискиот Исток, директно поврзани со владетелите на Катар и на Саудиска Арабија се заинтересирани за купување на англискиот премиерлигаш Ливерпул.

Неодамна, сопствениците на Црвените, „“Фенвеј Спортс Групацијата“ (ФСГ), објавија дека се подготвени да го продадат англискиот тим кој во 2010 година го купија за 300 милиони фунти.

Тие очекуваат понуди во висина од 3 милијарди фунти и според англиските медиуми, ФСГ веќе преговара со два конзорциуми од Катар и од Саудиска Арабија кои се подготвени да ја платат бараната сума.

Англиските медиуми пишуваат дека конзорциумите се поврзани со првите луѓе на овие две држави, шеикот на Катар, Тамим бин Хамад Ал Тани како и со саудискиот престолонаследник, Мохамед бин Салман.

Освен интересот од Катар и Саудиска Арабија, желба да го купат Ливерпул изразиле и конзорциум од САД, како и најбогатиот Индиец, Мукеш Амбани.

- Оглас -

Најнови вести