СДСМ загуби пратеник во ИЕ5

од Nikola Popovski

СДСМ има еден пратеник помалку од претходните проекции, покажуваат последните објавени резултати на ДИК по преброени 99,6 отсто од гласовите во избирачки места. СДСМ иако е втора на листата по освоен број на гласови сепак има еден пратеник помалку од ДУИ, односно 18. За разлика од претходниот извештај на обработени избирачи, СДСМ загуби еден пратеник во изборната единица 5 за сметка токму на ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ има најмногу мандати – 58, со оглед дека загуби едно пратеничко место за сметка на ЗНАМ на Максим Димитриевски.

Моментални проекции според ДИК: ВМРО-ДПМНЕ 58 пратеници, ДУИ 19, СДСМ 18, ВЛЕН 13, Левица и ЗНАМ по 6.

Мандатот на новиот собраниски состав што беше избран на вчерашните парламентарни избори, почнува да тече од конститутивната седница на Собранието. Конститутивната седница се одржува најдоцна 20 дена по изборите, а треба да ја свика сè уште актуелниот претседател на Собранието, Јован Митревски. Ако не закаже пленарка, 21-от ден тоа го прави највозрасниот пратеник.

Пратениците во Собранието се избираат за време од четири години. Мандатот на пратениците го верифицира Собранието. Мандатот на пратениците во Собранието може да се продолжи само во случај на воена или вонредна состојба.

Слични содржини