Чави објасни зошто се премислил и решил да остане тренер на Барса и следната сезона

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, и тренерот Чави Ернандес, на прес-конференција јавно го потврдија тоа што беше синоќа договорено, дека Чави останува тренер на Барса и следната сезона, иако во јануари Чави рече дека си оди од клубот по завршувањето на сезонава и дека ништо нема да го премисли.

Но, Каталонците сепак го премислија стручњакот, па тој ќе го одработи договорот (до јуни 2025) до крај.

„Стабилноста е многу важна вредност во успешните проекти. За мене тоа е максима. Во моето искуство како претседател научив дека стабилноста е фундаментална за проектите. Имаме тренер кој секогаш внимава на интересот на Барса. Многу добра вест е што Чави продолжува. Мислам дека тимот има потреба од оваа стабилност и Чави придонесува за оваа стабилност. Имаме тренер со човечки квалитет, знаење и неприкосновен навивач на Барселона како Чави Ернандес“, рече Лапорта.

Чави рече дека важно е што играчите му веруваат.

„Играчите сакаат проектот да продолжи, тоа исто така беше многу важно за оваа моја одлука. Навивачите исто така прават да морам да продолжам. Во тој момент во јануари мислев дека најдоброто нешто за динамиката на клубот е да заминам. Во јануари верував дека тоа е најдобро за клубот, но околностите се сменија и сега мислам дека континуитетот е најдобар. Мислам дека проектот не е завршен“, објасни Чави.

- Оглас -

Најнови вести