Свет

Палестинските медицински тимови пронајдоа трета масовна гробница во болницата Ал Шифа

Потресни сведоштва на раселените жители на Газа: Живееме во кошмар

Палестинските спасувачи продолжуваат со ексхумирање на десетици палестински тела од масовна гробница во болницата Ал-Шифа во градот Газа, објави денеска Ал Џезира.

Спасувачот Рами Дабабеш изјави за катарската телевизиска мрежа дека телата на Палестинците се целосно исчезнати. Медицинскиот тим, наводно, очекува да пронајде уште десетици тела додека продолжува процесот на извлекување на телата.

Канцеларијата за медиуми истакна дека досега во болниците во Појасот Газа се пронајдени вкупно седум масовни гробници.

Бројот на загинати во израелските напади врз Појасот Газа од почетокот на војната се зголеми на 34.904, а 78.514 се ранети, соопшти денеска Министерството за здравство во Газа, кое е под контрола на Хамас.

Палестинските медицински тимови пронајдоа трета масовна гробница во болницата Ал Шифа каде беа откриени 49 тела, соопшти во средата канцеларијата за медиуми на Хамас.

На почеток