Судскиот совет пред одлука дали апелацискиот судија Енвер Беџети кој заедно со екс вицепремиерот Артан Груби беше ставен на црната листа за корумпирани функционери непожелни за влез во САД ќе се збогува со судијската кариера и ќе биде рарзешен.

Беџети е судијата кој што го држеше во фиока случајот за масовното прислушување на Сашо Мијалков по што тој застаре.

Според информациите на ТВ 24 завршена е расправата, се чека и извештајот, по што ќе оди на седница на Судскиот совет. Иницијатор за постапката е координаторката за апелациските судии во Судскиот совет, Антонета Димовска, а новата иницијатива доаѓа како нарушување на углед на судија, откако Беџети осамна на црната листа на САД.

– За судијата Енвер Беџети не може да има нова иницијатива за рарзешување за случајот со Мијалков, бидејќи за тоа веќе има одлука. Затоа новата иницијатива е  поради нарушен углед и  чест, а со тоа прави и сериозен удар на интегритетот на судската фела. – вели за ТВ 24 извор од Судскиот совет.

Претседателот на судкисот совет Александар Камбовски за ТВ 24 анализа не одговори конкретно  што може да се очекува од гласањето за разешување на Беџети и дали тој има шанса повторно да се спаси.

Судскиот совет веќе еднаш решаваше за Беџети и случајот на Мијалков, но одлучи да го казни судијата само со 20% намалена плата.

Камбовски воздржан и околку одлуките на советот да го казни само со 30% од плата судијата Пајазит Пајазит кој екстрадиционен притвор замени со домашен по што екс припадникот на ОВК Блерим Рамадани, кој Србија чекаше да го испорачаме избега.