На менито по еден меч од Италија, Шпанија, Германија, Франција и Австрија

3001 Лацио – Салернитана (20:45 ч.)

Лацио не е премногу сигурен на домашен терен, но ова е меч на кој едноставно мора да победи затоа што игра против најслабиот клуб во Серија А. Салернитана е закована на дното, што е очекувано ако се знае дека ја има најлошата одбрана и најслабиот напад.

Сепак, факт е дека Салернитана сезонава го победи Лацио во првенството, а тоa се случи и лани, па Небесносините никако нема да смеат да го потценат ривалот.

Предлог тип: 1-1&2-4 (2.90)

 

1301 Бетис – Селта Виго (21 ч.)

Бетис влезе во очајна форма и загуби на последните четири дуели, па тимот падна на позиција која не носи излез во Европа. Селта Виго е на последното место кое носи опстанок во лигата и секој бод е значаен за овој тим.

Традицијата е на странаta на Селта Виго, кој има четири победи и едно реми во последните пет меча со овој ривал.

Предлог тип: X2&0-3 (2.26)

 

1801 Аугсбург – Унион Берлин (20:30 ч.)

Аугсбург игра дома и нема голем притисок затоа што тимот е сигурен на средината на табелата, додека Унион Берлин уште не е сигурно спасен. Тимот од Берлин го има вториот најслаб напад во лигата, но ја има најдобрата одбрана во однос на сите екипи кои се од седмото место на табелата па надолу.

Четири од последните пет меѓусебни дуели на овие два тима завршиле со 0-2 гола и тука може да се очекува традицијата да продолжи.

Предлог тип: 0-2 гола (1.90)

 

1701 Мец – Ленс (21 ч.)

Мец е на претпоследното место на табелата, но уште има шанси да се спаси. Ленс влезе во мини криза па освои само еден бод во последните три кола. Само со девет бода од 13 меча, Мец е најслабиот тим на свој терен.

На девет од последните 11 дуели на овие два тима немало повеќе од два погодоци и се очекува пресметка без многу возбудувања.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.50)

 

1901 ЛАСК – Салцбург (19:30 ч.)

Салцбург е прв фаворит за титулата во Австрија, а интересно е дека овој тим во последниве два месеца има две гостувања кај ЛАСК и двапати победи (1:0 во првенството и 3:2 во Купот). Едноставно, Салцбург сега ќе бара три од три, опција што реално е најлесно остварлива.

Предлог тип: 2&0-3 (2.60)

- Оглас -

Најнови вести