Маричиќ: СДСМ ќе биде силна партија во Собранието, а кој ќе биде власт и кој опозиција, ќе одлучат граѓаните

Од:

СДСМ ќе биде силна партија во Собранието, а кој ќе биде власт и кој опозиција, ќе одлучат граѓаните, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања и секретар за меѓународна соработка во СДСМ Бојан Маричиќ.

Маричиќ во изјава за медиумите дадена по одбележувањето на 121 година од смртта на Гоце Делчев, рече дека очекува на 8 мај партијата да има подобри резултати од првиот круг на изборите.

– СДСМ е силна партија, партија која има постапки, процедури, демократски капацитет и потенцијал да ги отвори сите дискусии и да ги анализира и причините за изборните резултати, но и последиците по државата и по партијата. Јас сум сигурен дека СДСМ ќе има подобар резултат од првиот круг и дека како партија ќе бидеме бедем кој ќе ги брани слободата, демократијата, социјалната правда, поголемите плати и пензии и патот на евроапските интеграции, сето она што ВМРО-ДПМНЕ, знам, дека планираат да го загрозат, рече Маричиќ.

Прашан колку пратенички места очекуваат да имаат во Собранието, Маричиќ рече дека за тоа ќе одлучат граѓаните.

За СДСМ рече дека е една од ретките партии, можеби и единствена, во која има токму многу демократски механизми.

– Сигурен сум дека сме една од ретките партии, ако не и единствена, која има толку демократски механизми внатре во партијата и за дискусија и за отчетен конгрес и за директен избор на претседател, што сето тоа ќе придонесе да зајакне партијата, да ги збиеме редовите и да излеземе уште посилни од оваа ситуација. Она што за мене е многу важно,а мислам и за сите, како што и кажува слоганот дека нема откажување од иднината, СДСМ да не се откаже од својата идеологија, своите политики и вредности, рече Маричиќ.

Би можело да ве интересира

Одзивот до 9 часот е 7,22 проценти, поголема во однос на 8 мај

Прегласување на седум избирачки места, битка за двајца пратеници и нова распределба на мандатите

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ најавува нова Влада до средината на јуни

Катерина Ѓуровски

Почна прегласувањето за парламентарните избори во седум избирачки места

Катерина Ѓуровски

Секој зборува за тоа што знае да го прави – Касами за изјавата на Ахмети за меѓуетнички тензии

Катерина Ѓуровски

Прегласување на седум изборачки места во петата и шестата изборна единица в среда