ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На коалицијата на ДУИ се приклучи уште една турска партија

На коалицијата на ДУИ се приклучи уште една турска партија

Уште една партија се приклучи на таканаречениот Европски фронт предводен од ДУИ како предизборна коалиција. Салих Мурат и Сулејман Баки како претставници на Движењето на Турците од Македонија за правда и демократија потпишаа соработка со Ахмети. Ахмети рече дека имаат исти проблеми со Турците и негираше дека партијата треба да коалицира со партии од други етнички групи бидејќи е ослабена. Сулејман Баки ќе биде носител на третата ИЕ.

„ДУИ, бидејќи се засили, сега ги зема Турците, Ромите, Бошњаците, не затоа што ослабна… Се разбира, има многу работи за потенцирање, во однос на правичната застапеност, во реализацијата во практиката на јазиците како албански, турски и ромски. Ако се направи анализа како се реализира ромскиот јазик, еден од најдискриминираните народи што бил во социјален аспект, секако дека има уште многу да се направи“, рече Али Ахмети, прв човек на ДУИ.

Со крилото на Села, Ахмети утре во Гостивар ќе го објави договорот за соработка. Тој потврди и дека Села ќе биде носител на заедничката листа во петтата ИЕ.
Но, Ахмети објасни дека официјален носител на оваа коалиција е ДУИ, а потоа ќе бидат напишани и сите други партии кои ќе пристапат кон неа./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button