ПРОНАЈДЕНИ ТЕЛАТА НА СИНОТ И МАЈКАТА ВО РЕКАТА БОЈАНА: Крај на потрагата по несреќните мајка и деца во Скадар

2980
Фото: Alma Bushati Arrazi Facebook

Телото на триесет и деветгодишната Алма Арази, која со трите малолетни деца се фрли во реката Бојана (Буна), денеска е пронајдено во близина на селото Облик, недалеку од телото на нејзиниот тригодишен син, пренесува Еуроњуз Албанија.

Трагедијата се случила во неделата, кога рибар во селото Драгат пронашол тело на деветгодишно девојче (најстарата ќерка).

Специјални тимови од нуркачи и припадници на војската започнале потрага по коритото, каде набрзо било пронајдено телото на уште едно дете, осумгодишно девојче.

39-годишниот сопруг и татко на децата, Ергис Арази, поднел пријава во полиција на 3 мај, еден ден откако мајката со децата скокнала во реката.

По рочиштето тој е приведен поради сомнение дека предизвикал самоубиство на сопругата и трите деца.