Англија
Тен Хаг до критичарите: Видов само две негативни работи
Манчестер Јунајтед повторно одигра трилер со шест гола и понуди возбудлиив меч на „Олд Трафорд“, неколку дена по чудното полуфинале во ФА купот во кое испушташе предност од 3:0.
Тимот на Ерик Тен Хаг вчера двапати се враќаше од негатива против Шефилд Јунајтед и прими два гола од најслабиот тим во лигата, но на крајот успеа да се врати и да победи со 4:2.
Критичарите одново беа жестоко настроени кон Тен Хаг и заклучија дека гостите правеле проблем при секој поопасен излет во средината на Јунајтед, меѓутоа Холанѓанецот продолжи по свое и испорача заклучок кој е целосно поинаков од оној на новинарите.
– Ние бевме во целосна контрола на натпреварот, жал ми е што ќе ви кажам, но јас гледав сосема поинаков меч од тој којшто вие сте го гледале.
– Им дадовме два подароци, два пати заостанувамве и може да зборуваме само за две негативни раобти. Едната е загубен фокус, а втората недисциплина. Останатото целосно го контролиравме, тимот покажа истрајност и направивме пресврт против тим кој се брани. Ги надигравме во секој поглед и заслужено се радувавме, – изјави Тен Хаг.
-
Англијапред 17 часа
Тен Хаг отворено ги именуваше двете ѕвезди кои не му ги донесе Јунајтед: Со еден од нив ќе игравме како Ајакс
-
Репрезентацијапред 16 часа
Лазаров: Секој што разбира ракомет, знае каков ривал имаме пред себе
-
Италијапред 16 часа
Ибрахимовиќ образложи зошто нема баш добар однос со својот татко: Мора да го разберете Балканот….. (Видео)
-
АТПпред 18 часа
Алкарас ја пропушта последната вистинска подготовка за Ролан Гарос: Неопходно е да одморам (Фото)
-
Италијапред 6 часа
Касано распали и по Инѕаги: Го освои Скудетото, но треба да биде обвинет за неуспех!
-
Италијапред 18 часа
Кјелини: Роналдо сакаше да покаже дека е посилен од цел Реал Мадрид
-
Англијапред 20 часа
Клоп за Салах: Ќе беше проблем ако не се познававме толку добро
-
Германијапред 21 час
Крај на една романтична приказна: Ројс си оди од Борусија на крајот од сезоната (Видео)