Оливер Спасовски и Фатмир Битиќи се единствените пратеници од СДСМ во втората изборна единица. Оливер Спасовски, како носител на листата во оваа ИЕ освои речиси четири пати помалку гласови од носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, кој и донесе на ВМРО-ДПМНЕ 9 пратенички места. Од ВМРО-ДПМНЕ влегуваат Владо Мисајловски, Жаклина Пешевска, Иван Стоилковиќ, Бобан Николовски, Бојан Стојаноски, Каролина Насковска, Зоран Коцевски, Дијана Илиевска.

Садула Дураку и донесе 4 мандати на ДУИ – Садула Дураки, Скендер Реџепи, Дијана Тоска, Ељми Азири, а Африм Гаши три мандати на ВРЕДИ Африм Гаши, Ријад Шаќири, Мерита Колчи-Коџаџику. Од Левица од оваа изборна единица во собрание влегува Амар Мециновиќ, а од ЗНАМ Даниел Стојчевски.

Ова се податоци од 81 отсто обработени гласови, така што оваа листа може да претрпи одредени измени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.