Прилепчанецот кој исчезна пред два дена е пронајден мртов, погребот ќе се одржи денеска

Александар Јошески од Прилеп на кого му беше изгубена трагата завчера попладне, синоќа беше пронајден починат.

На Фејсбук се огласи и неговата ќерка, која го објави и апелот за пронаоѓање на прилепчанецот.

„Го пронајдовме. Ви благодарам на сите за помошта. Бог да го прости, не е повеќе меѓу нас“, напиша Ана Марија Јошеска.

Како што додава Јошеска , погребот ќе се изврши денеска на новите градски гробишта- Прилеп.

„Телото ќе биде изложено во капелата на новите градски гробишта од 15:00 до 16:00- Прилеп“, напиша таа.

Текстот Прилепчанецот кој исчезна пред два дена е пронајден мртов, погребот ќе се одржи денеска е превземен од МАКФАКС.