17.8 C
Скопје
22:09 - 1 мај, 2024

Сопругот на Нада Топчагиќ откри нови детали за нејзината здравствена состојба: Ја напуштила болницата, а еве каде е сега

Пејачката Нада Топчагиќ на 23 март итно била пренесена во Ургентниот центар поради силни болки во стомакот и поминала повеќе од 24 часа во болница.

Нада ја напуштила болницата, а по излегувањето признала дека „мислела дека со неа е готово“. Сега за нејзината здравствена состојба проговори и нејзиниот сопруг Златко Ѓорѓевиќ кој откри дека моментално се наоѓаат во куќа во Бановци.

– Нада е подобра, треба да направи уште неколку прегледи, да го слика долниот дел од стомакот. Сакам да му се заблагодарам на Ургентниот центар, луѓето испаднаа многу фер – изјавил сопругот на Нада.

Тој открил и дали се работи за чир на желудникот или дуоденален улкус и каде е сега Нада.

– Сѐ уште не се знае што се случило, ги чекаме резултатите и да го сликаме нејзиниот долен дел. Во куќата е, лежи и одмара – изјави Златко за „Телеграф“.

Инаку, Топчагиќ се огласи на својот Инстаграм по излегувањето од болница.

– Драги мои, сакам да му се заблагодарам на целиот персонал на Ургентниот центар на Србија за нивната професионалност, добрина и посветеност. Ве сака Надица. Им благодарам на колегите кои се сетија на мене, на луѓето кои ме сакаат, на пријателите и семејството – рече таа.

Слични објави

(Видео) Трча и ја гушка иконата! Никола Роквиќ откри колку пари собрал за само 10 дена од патувањето за Грција

Еспресо

Ужасен предлог: Милица Павловиќ низ солзи му се дерела на Саша Поповиќ

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ фати риба за која може само да сонува! Пејачот се пофали на социјалните мрежи

Еспресо

(Видео) Северина пееше во Дубровник, Новак Ѓоковиќ уживаше на концертот: Публиката во транс

Еспресо

Кога да ги миете прозорците пред Велигден: Не пропуштајте го овој ден

еспресо

(Фото) Јелена Карлеуша брутално му одговори на Душко Тошиќ: Еве што мисли за девојката со која е уловен во Дубаи

еспресо
Се вчитува....